(ВИДЕО+ФОТО) Тамара Тодевска во новата песна и спот открива кој е нејзиниот „ПОРОК“!

Нашата популарна пејачка Тамара Тодевска со нова интересна соработка со Урбан Рекордс. 

Тамара на Јутуб каналот на Урбан Рекордс ја промовираше новата песна и видео записот за ПОРОК. До соработка дојде по одлуката на Тамара спотот да го изработи и реализира режисерскиот тим на Урбан Рекордс.


Песната е во нејзин поп стил, но овој пат со примеси на трап. Музиката е на Лазар Цветковски и Тамара, со текст на Тајзи, аранжман Лазар Цветковски и Тамара, микс и мастеринг Лазар Цветковски.


Спотот го изработија Били Д и Гордан Божиновски. Како модел се појавува девојката Имам Тотиќ.


Се снимаше во студио во Скопје. За стајлингот на Тамара се погрижи Игор Марков. 

Оваа е едно мало освежување во веќе изградениот музички стил на Тамара, која секогаш ги следела музичките и модни трендови.

 Во продолжение новиот видео запис за Порок “, за кој цениме дека изгледа светски, па погледнете и вие…

gg

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО) Очекуваат рекордна заработка – „Deadpool & Wolverine“ има најлоши критики од критичарите, публиката го одбележала како најдобро продолжение

Долгоочекуваниот „Deadpool & Wolverine“ постигна најниска оценка од критичарите во споредба со претходните филмови од …