(ВИДЕО+ФОТО) СТРАСТИТЕ СЕ СТИШУВААТ – БРЕД ПИТ СО ШМЕКЕРСКИ ПОТЕГ ПОВТОРНО ЈА КУПИЛ АНЏЕЛИНА ЏОЛИ: Актерката е воодушевена од тоа што го направил – се’ за доброто на нивните деца

Актерот Бред Пит и Анџелина Џоли до раскинувањето беа едни од омилените светски познати парови и тоа во не баш добри односи. Некогаш најхармоничен пар со години се бореше по судовите за старателството над децата и поделбата на имотот. Токму поради оваа причина, изненадува фактот што Анџелина е воодушевена, бидејќи и Бред пристигнал во Рим, каде што таа престојува со своите деца.
Актерката пристигнала во Рим на снимањето на филмот „Without Blood“ и наводно била под голем стрес поради напорниот распоред и обврски. За да и помогне во чувањето на децата, Бред Пит оваа недела пристигнал во Рим за да помине време со 14-годишните близначки Вивиен и Нокс Џоли-Пит.


Папараците го уловиле на аеродромот во Рим. Бил лежерно облечен, исто како да е дојден да ужива и да помине време со децата. Носел беж ленени панталони и маица, бела рибарска капа на главата, а гитара на грбот.
– Анџелина има напорен распоред на снимање, па и олесна што Бред може да дојде во Рим да ги види децата и да биде со Нокс и Вивиен за нивниот роденден. Многу и значи тоа што дојде – открил извор за Hollywood Life, а потоа додал:
– Таа секогаш многу се труди да се погрижи нејзините деца да поминуваат доволно време со својот татко, особено во посебни прилики како што се родендени и празници. Меѓутоа, во оваа ситуација таа беше под голем стрес како ќе организира се, па тоа што Бред прискокна и дојде и беше големо олеснување, неговите напори не останаа незабележани.
Имено, од разводот парот не остана во добри односи, а и нивната меѓусебна комуникација е нарушена. И покрај тоа, гестот на Бред ја воодушевил актерката, па очигледно за момент ги заборавиле сите несогласувања и лоши моменти.

This image has an empty alt attribute; its file name is bred-pit-angelina-jolie-i-decata-vo-rim.jpg
-Тие буквално немаат никаков контакт, се што се случува меѓу нив, па дури и договори во врска со децата, оди преку други луѓе, бидејќи тие двајца се уште водат судска битка. Од друга страна, Анџелина се труди максимално да ги заштити нивните деца од сето тоа бидејќи сака тие да имаат здрав однос со нивниот татко, без оглед на тоа како таа се чувствува за него – истакнува изворот.
Да потсетиме, покрај близнаците, Бред и Анџелина имаат уште четири деца: Медокс (20), Пакс (18), Захара (17) и Шајло (16).


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …