(ФОТО) Мало девојче за малку ќе се задавело од додаток кој речиси сите го купуваат за бебињата

АКО вашето дете користи цуцла „лажалка“, многу е веројатно дека има и закачена врвка. Овој додаток е популарен меѓу родителите на бебињата и малите деца бидејќи овозможува цуцлата да се закачи за маицата за да не паѓа на подот. Сепак, врвките за цуцла, во зависност од тоа како се направени, може да бидат опасни.
Токму на тоа предупредила мајката Иден Хил, чија ќерка за малку ќе се задушила откако и се скинал конецот на кој биле нанижани монистата.
„Денес срцето и душата ми го напуштија телото. Мили имаше вувла во форма на авокадо, таа се скрши и за малку ќе се задавеше“, напишала Хил.


Затоа сега сака да ги предупреди сите родители, баби и дедовци и старатели на децата да не купуваат штипки или конци за цуцли со нанижани мониста на нив.
„Иако го проверив синоќа за да се уверам дека е затегнат, утрово пукна. Знам дека многу компании ги произведуваат и продаваат, дури и персонализирани со имиња и слично. Во иднина повеќе би сакала да земам играчка или цуцла од подот, отколку да ја прикачам на нејзината облека и дека нешто се случува поради тоа“, заклучила таа во објавата која била споделена 375 илјади пати меѓу родители од целиот свет.

Фото: Facebook


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утре е најтажниот ден во христијанството: Што не треба да јадете за Велики петок

Велики петок претставува најтажен ден во христијанството, а на денешен ден е пропишан најстрог пост. …