(ВИДЕО+ФОТО) „Становите се прескапи, живеам на сплав што го уредив како луксузен стан“

Заштедите се огромни.
Една жена која не можела да си дозволи да купи стан открива како е да се живее на сплав што го купила и го претворила во вистинска оаза на водата.

View this post on Instagram

A post shared by My Little Houseboat (@mylittlehouseboat)



Кејт Финчам од Канада моментално живее со својата мачка на сплав на два ката кој е 51 квадратен метар. За разлика од обична куќа, домот на оваа 34-годишна жена е изграден на челични понтони и повремено се ниша. Претходно Кејт живеела со тројца цимери, а потоа во летото 2020 година решила да инвестира во сплав.

„Мојот живот е сосема поинаков, секое утро или после работа одам на прошетка покрај вода или одам на кајак кога сонцето изгрева или заоѓа. Го чувам мојот кајак врзан за задниот дел на сплавот, па само скокнувам и одам. Толку е мирно и спокојно да се живее овде“, рекла Кејт.

Во споредба со просечната цена на една куќа во Торонто, Кејт заштедила околу 272.000 евра бидејќи решила да живее на вода.

Таа го адаптирала овој простор во бајковит ентериер со многу растенија и дрвени детали.

Едноставните, но ефективни парчиња мебел му дале на целиот простор модерен изглед, но сè изгледа топло и пријатно, совршено за живеење.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …