(ФОТО) ГИ ОТКРИЛА ТАЈНИТЕ НА ИЗГЛЕДОТ – Се сеќавате ли на ликот на Ивет од серијата „Ало, Ало!“: Актерката на 72 години изгледа фантастично

Британската ТВ ѕвезда Вики Мишел глумеше во популарната серија „Ало, Ало!“ која воедно е и нејзина најпозната улога, а 31 година по објавувањето на последната епизода и понатаму изгледа фантастично.


Имено, 72-годишната актерка оваа недела се појави во британската серија „EastEnders“, а раскажа дека се чувствува како на половина од својата возраст и ги открила тајните на својот изглед.

„Никогаш не сум направила ништо на моето лице, немам ботокс или пластична операција. Секогаш ја отстранувам шминката и го навлажнувам лицето“, изјавила таа.
„Мајка ми секогаш велеше: ‘Не излегувај без кармин“, па јас никогаш не го правам тоа’“, признала таа.

Таа изјавила и дека својот изглед им го должи на добрите гени: „Фала му на Бога за моите гени, никогаш ништо не сум правела и прилично сум горда на тоа. Слушнав дека се појави природен лифтинг на лице, па би можела да го направам тоа”.

This image has an empty alt attribute; its file name is ivet-2.jpg
Таа го кажала своето мислење и за естетската хирургија, велејќи дека денес сите изгледаат исто, и дека е задоволна со тоа што е.
„Јас сум актерка, моето лице мора да се движи“, рече таа.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …