Американците рекле дека е доста – Ѓоковиќ игра на УС Опен

Американскиот Сенат гласал за укинување на националната декларација за вонредна состојба предизвикана од пандемијата на коронавирус.
Таа беше воведена од поранешниот претседател Доналд Трамп на почетокот на 2020 година.
Горниот дом на Соединетите држави гласаше со 68 гласа „за“ и 23 „против“ за ставање крај на вонредната состојба.
Минатиот месец, Претставничкиот дом, исто така, гласаше со 229 „за“, 192 „против“ за укинување на декларацијата.

Се очекува актуелниот претседател Џо Бајден да ја одобри и потпише оваа одлука.
Вонредната состојба дефинитивно треба да се укине во мај, па невакцинираните странци ќе можат без проблем да влезат во Америка.
Сето ова значи дека Новак Ѓоковиќ ќе може да настапи на летната американска турнеја, Мастерсот и УС Опен, кој е закажан од 28 август до 10 септември.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …