Анџелина Џоли решила да направи мала пауза од актерството за да се фокусира на започнување нов бизнис. Имено, таа напорно работи на создавање линија на облека и накит.
Таа веќе поднела барање за заштита на брендот наречен Atelier Jolie. На овој проект работи една година и се надева дека барањето наскоро ќе биде одобрено.
„Таа е голем поборник за одржлива мода и тоа е нешто на што ќе се фокусира. Новиот бизнис е сè уште во зародиш”, изјавил извор за американските медиуми.
Неодамна во интервју за магазинот „Вог“ зборувала зошто ја поддржува одржливата мода.
„Вложувам во квалитетни парчиња облека, а потоа ги носам ‘до смрт’. Немам проблем да носам чизми, палто или чанта долго време. Освен тоа, купувањето облека од втора рака е и чекор кон одржлива иднина“, рекла таа.
Фото: Архива