Во британските медиуми кружи видео од апсењето на 32-годишниот Албанец Етмонд Лика, кој бил обвинет за учество во одгледување канабис во куќа во близина на Ливерпул.
Тој во вторникот се појавил пред судот во Ливерпул, откако се изјаснил за виновен по едно обвинение за учество во производството на канабис.
Обвинителот пред судот изјавил дека на 24 февруари оваа година, бравар бил задолжен околу пладне да ја смени бравата на влезната врата на Стенли Роуд, Киркдејл и дека забележал садници канабис внатре во куќата и веднаш повикал полиција.
Picture shows man trying to avoid police by hiding above him on the roof https://t.co/Vwn6d1jmTK
— ITV News (@itvnews) March 29, 2023
Приказната за Албанецот немаше да стигне до светските медиуми да не беа снимките од неговото бегство од полицијата. Имено, Лика се обидел да и побегне на полицајците искачувајќи се низ светларникот и сокривајќи се. Фотографија од полицаец кој гледа низ прозорецот, а тој стои над неговата глава, го обиколува светот.
По драматична потрага, тој е уапсен.
Фото: Принтскрин/Twitter