Минаа неколку месеци откако македонската поп-рок пејачка Биба Додева реши да се врати на македонската поп сцена и тоа со легендарната песна на култните „Леб и Сол“, посветена на македонската метропола – „Скопје“, а за чија „преработка’ беше одговорен Владимир Дојчиновски – Дојчин.
Вчетра, на денот на ослободувањето на Скопје беше промовиран и спотот за главниот град на нашата земја..
И’ спотот е правен по урнекот на Столе Попов за легендарното „Скопје“ на „Леб и сол“, па во ова видување на истата тема беа искористени, разни локации, како и граѓани и познати лица од јавниот живот.
Во спотот се појавуваат многу познати македонски личности од различни области, како и урбани градски ликови, навивачки групи, естрадни фаци, актери, пејачи, водители, музичари… Со еден збор, дел од луѓето што го обележале животот и битисувањето на главниот град, секој на свој начин, во својата област!
„Фала на Влатко и Горан Стефановски, што можев да растам со песнава, па сега и да ја препеам. Оддамна нашево Скопје не звучело и изгледало вака весело! Ви благодарам што бевте дел и без сите вас ова вака немаше да изгледа!
Честит празник мило Скопје мое… Чисто да ни бидеш, да те дишеме, да се гушкаме и љубиме повеќе“ – ја завршува Биба посветата во најавата на нејзината верзија на „Скопје“, а видеото кое можете да го проследите во продолжение е изработено од „Фукс продукција“: