(ВИДЕО+ФОТО) Што возат возачите на Формула 1 приватно

Нивната работа е да ги возат најбрзите автомобили на светот, а од тоа не се откажуваат ниту во слободно време.
Возачите на Формула 1 веројатно се во групата на најдобрите во светот, заедно со можеби уште „полудите“ рели возачи. Често живеат брзи животи, не прават компромиси и го бараат само најдоброто. Ако ѕирнеме во нивните гаражи, редовно ќе го видиме само најдоброто што може да го понуди автомобилската индустрија.
Иако заработуваат доволно за да можат да купат кој било автомобил во светот, договорените ограничувања ги ограничуваат во тој избор. Затоа, тие најчесто возат спонзорски автомобили, а нивните колекции ги чуваат подалеку од видното поле, во ретки прилики. Благодарение на социјалните мрежи можеме да видиме што возат пилотите во Ф1 приватно.

Чарлс Леклер
Вози Ферари, па не е ни чудо што вози Ферари приватно. Станува збор за 488 Pista Spider персонализиран со посебна комбинација на бои.


Макс Верстапен
Минатогодишниот шампион сигурно има голем број на опаки автомобили, а може да се види во Aston Martin DB11, темно сина верзија со жолто-зелени детали. Одличен избор.


This image has an empty alt attribute; its file name is maks-ferstapen-vozilo.jpg

Серхио Перез
Има 32. години и е еден од ветераните на Формула 1. Член е на Ред Бул, а минатата година возеше спонзорирана Хонда Сивик, се разбира, Type-R.


Џорџ Расел
24-годишниот возач е дебитант во тимот на Мерцедес, а негов избор е Mercedes-AMG C 63 S Coupe.

Карлос Саинц Џуниор
Возачот на Ферари ја отвори втората сезона. За својот 18-ти роденден од родителите добил VW Golf, а сега вози 812 Competizione. Добар напредок.

Ландо Норис
Има само 22. години, а веќе вози врвен автомобил. Вози Мекларен ГТ приватно, а лојален е на тимот од 2018 година, кога започна како тест возач.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на легендарната македонска радио и тв водителка Бранка Станковска

Бранка Станковска е родена на 30 април 1931 година во Скопје. Таа беше позната македонска …