Општина Карпош почнува да го решава проблемот со паркирањето – усвоена одлука за наплата на комунална такса по основ на зонско паркирање

Денес, на седница на Советот на општина Карпош беше усвоена „Предлог- одлуката за регулирање на наплата на комуналнатакса по основ организирање на зонско паркирање на дел од јавните паркиралишта на подрачје на општина Карпош“. Ова значи почеток на процедурата за решавање на проблемот со паркирањето на територија на општината и воведување на зонско паркирање. Директорот Христовски даде детални информации во врска со планот на претпријатието, односно организирање насообраќајот во мирување на територија на општина Карпош, се со цел да излеземе во пресрет на барањата на граѓаните на територија на општината.

This image has an empty alt attribute; its file name is opstina-karpos-1.jpg
Христовски информираше околу придобивките, условите и привилегиитет.е. бесплатно паркирање на жителите на општината кои се наш приоритет.
Во иднина, истакна Христовски, претпријатието изразува подготвеност за уредување паркиралишта во останатиот дел од општината, по претходно барање од страна на жителите на општината.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Завршната конференција во рамки на проектот: Одржлива синергија за зајакнување на колективното еко влијание

Дали и колку сме колективно еко свесни за зачувување на природата и кои проблеми беа …