(ВИДЕО+ФОТО) Шон Конери – Бонд, вистинскиот Џемс Бонд го слави 90. роденден

Поради статусот на најсекси маж, Конери во текот на својата кариера сакаше бројни убавици. Се ожени двапати. Неговата прва сопруга беше актерката Дајан Клиенто, а од 1975. година е во брак со уметничката Мишелин
Тој стана познат како првиот Џејмс Бонд, глумеше во седум филмови на франшизата и е на глас како еден од најсексапилните мажи во светот. Актерот Шон Конери денес го слави својот 90-ти роденден.
Тој има освоено многу награди во текот на неговата кариера, вклучувајќи го и престижниот Оскар. Светот го памети како Џејмс Бонд, иако тој исто така имаше голем број на значајни улоги. Списанието People го прогласи за најсекси маж на светот, како и најсексипилен маж на векот.



Роден е во Шкотска и отсекогаш имал репутација како голем шармер. Неговата мајка Еуфемија Меклин била чистачка, а неговиот татко Џозеф Конери бил фабрички работник и возач на камиони. Првата работа на Шон би била да испорачува млеко. Тој бил во британската морнарица, а покрај актерството, работел и други работи – возел такси и камион, бил чувар на живот на плажа, модел …


На 18-годишна возраст, Конери започнал и со боди-билдинг, а од 1951. година напорно тренирал со поранешен инструктор во теретана во британската армија. Шон исто така бил и страствен фудбалер. Играл за клубот „Бонириг Роуз“, а потоа во еден натпревар го видел Мет Бусби, тогашниот менаџер на англискиот клуб „Манчестер Јунајтед“. Веднаш по натпреварот, тој му понудил договор, но Конери одбил.



„Сфатив дека можете да бидете врвен фудбалер до 30. години, а јас веќе имав 23. години. Решив да станам актер и се покажа дека е еден од моите најпаметни потези“, рекол тој еднаш.


Тој започна да глуми во 1951. година прво во театарот, а потоа бил во бројни британски серии и филмови. Тајниот агент Џејмс Бонд на крајот му го променил животот. Тој исто така глумел во филмовите Хичкок и во 2006. година ја доби наградата за животно дело од Американскиот филмски институт. Истата година се пензионира од актерството, но тој работеше како режисер и даде глас во анимирани филмови.


Поради неговиот статус како најсекси маж, шармерот Конери во текот на својата кариера сакал бројни убавици. Се оженил двапати. Неговата прва сопруга била актерката Дајан Клиенто со која беил во брак од 1962. до 1973. година. Заедно го имаат синот Џејсон.

Тој во моментов е оженет со уметнчката Мишелин Рокебрун, со која се оженил во 1975. година. Тој ја измамил и тоа јавно го признал, но нивниот брак преживеал и покрај сè.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …