(ВИДЕО+ФОТО) СЕ ВРАТИЛА ВО ЕМИСИЈАТА – Каков борец! Нејзината приказна многумина инспирирала, а лекарите и дваат два проценти шанси да преживее!


Пејачката се бори со ракот на белите дробови, ‘рбетот и црниот дроб, а Џејн Марчевски се врати во шоуто и го израдува жирито на американското шоу со својот глас и неверојатна животна приказна
Пејачката Џејн Марчевски (30) со уметничко име Nightbirde настапи на America’s Got Talent со авторската песна „Во ред е“ и ги воодушеви жирито и публиката. На општо задоволство, таа доби и „златно копче“ што автоматски ја смести во полуфиналето.


Иако Џејн се повлече од натпреварот, таа се приклучи на шоуто со видео повик и рекла дека е пресреќна што нејзината песна допрела толку многу луѓе.
– Не можев да го замислам тоа ниту во најлудите соништа. Тоа е песна што ја напишав за себе среде ноќ, кога ми беа толку потребни тие зборови – рекла таа.
Фото: Принтскрин/NBC

Софија Вергара (49) и се заблагодарила за прекрасната изведба и песна:
-Ти не воодушеви.


https://www.instagram.com/p/CRpRm_xhHl-/?utm_source=ig_embed&ig_rid=8b9dffe0-5ad1-4837-ac1f-f165deb245d6

Членот на жирито, Хауи Мандел (65), и рекол дека е „пример за секого во соочувањето со секое зло и пример за убавина, храброст и борба“.


Фото: Instagram

Сајмон Кауел (61) рекол дека е победник иако нема да се натпреварува затоа што има влијание врз многу луѓе:
– Во името на сите нас, ти ја испраќаме нашата љубов и нашите молитви и едвај чекаме да се видиме повторно наскоро.

Фото: Принтскрин/NBC

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Два месеца по трагедијата се огласи повредениот член од групата ДНК: Еве што напиша на социјалните мрежи

Горан Тонев кој беше гитарист во групата ДНК се огласи на социјалните мрежи два месеца …