(ФОТО) После две години видена љубовницата на Путина, која наводно родила близнаци

Поранешната руска гимнастичарка и освојувачка на златен олимписки медал, Алина Кабаева, ја немаше во јавност од 2018. година.
Во тоа време, руските медиуми објавија дека таа била во вториот месец од бременоста и наводно родила близнаци во болница во Москва.

Се пишувало дека целиот четврт кат на клиниката бил испразнет поради неа.


Интересно, таа исчезна во време кога се шпекулираше дека има близнаци со рускиот претседател Владимир Путин.

Имено, сега Алина се појави во јавноста за прв пат по речиси две и пол години, на националната телевизија, со цел да ги критикува судиите на Олимписките игри во Токио.

Убавата Алина била разочарана бидејќи руската гимнастичка sвезда Дина Аверина не освои златен медал.

Да потсетиме, Кабаева ја претставуваше Русија на многу спортски натпревари. Таа освои бронза на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година и злато на Олимпијадата во Атина 2004 година. Кабаева важи за една од најубавите Русинки, а наводно била во врска со Путин од 2000. година, и оттогаш не се појавила со ниту еден друг маж во јавност. Животот на поранешната руска гимнастичарка се смета за една од најголемите тајни.

Извор:Mirror

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …