(ВИДЕО+ФОТО) Промовирана првата песна и видео запис на Андреа, „I know“:Моќно и сигурно!

Младата пејачка Андреа Коевска заедно со композиторот и продуцент Александар Масевски и агенцијата „Мелем“ ја претстави својата прва песна насловена „I know“, како и видео записот за неа. Моќниот вокал на Андреа доминира и на првото слушање добивате впечаток дека станува збор за искусен изведувач, а не за 19.годишно девојче кое го претставува своето првенче.

Автор на музиката и продукцијата е Александар Масевски, а од „Мелем“, како што рече Андреа, се „виновни“ за изработката на видео записот.



За соработката со Андреа Масевски ни рече:
„Ја открив преку видео клип кој ми беше предочен од обострани блиски луѓе. Нејзиниот вокален потенцијал, начин на изведба и специфична боја на гласот беше главната инспирација да и направам песна. “I Know” покрај тоа што е нејзина прва песна, тоа е воедно и нејзина прва снимка во студио (значи прво снимање во студио)“, ни рече Александар масевски.
Андреа Коевска е извонреден вокал кој за прв пат се претставува пред македонската публика. Студира на Музичката академија и има 19. години. На промоцијата нејзините пријатели кои присуствуваа во огромен број не ги штедеа солзите радосници и убавите зборови за успехот на Андреа. Таа се заблагодари на семејството, професорите од средното училиште кои ја поддржувале во работата и кои и денеска беа на промоцијата на нејзината прва песна.


И, навистина, Адреа делува сигурно и моќно, како зад себе да има многукратни искуства од студијата…Но, веројатно нејзината леснотија во пеењето и сигурноста во себе се причина за нејзиниот ваков начин на интерпретација кој ни остава впечаток дека Андреа тоа го има “во малото прсте“.Останува само неа и на Масевски да им посакаме уште многу песни, видеа и пробиви во регионот и светот…бидејќи добрата музика урива секакви граници.


Видеото може да го погледнете овде:


"I Know" – TEASER

"I Know" – TEASER15/04/2019 🦄Composer: Aleksandar MasevskiProducer: Aleksandar Masevski

Gepostet von Andrea Koevska am Montag, 8. April 2019

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Маалска чистка во Кисела Вода во рамките на „Генералка Викенд“

Волонтерскиот Центар Скопје се приклучува кон пролетната акција за чистење и селектирање отпад „Генералка викенд …