Починала ѕвезда од серијата „Сите го сакаат Рејмонд“

Џорџија Енџел починала во 70. година на живот, пренесува The Huffington Post.Веста за заминувањето на глумицата која ја памтиме од серијата „Сите го сакаат Рејмонд“ ја потврдил нејзиниот пријател и соработник Џин Гилти, а причината за смртта сеуште не е откриена.
Имено, освен што била глумица, Ејнџел била и припадничка на сектата „Chistian Scientist” – „Христијанска наука“, поради што не одела на лекар бидејќи сметала дека болестите се лекуваат со вера и молитва.
„Знам дека светот ќе остане тажен. Погоди многу луѓе“, изјавила агентката на починатата глумица, Жаклин Стандер.


Освен улогата на Пет МекДугал во серијата „Сите го сакаат Рејмонд“ за која три пати била номинирана за наградата Еми, глумицата се прославила и со улогата на Георгета Бакстер во серијата „The Mary Tyler Moore Show” која ја снимала во седумдесеттите години на минатиот век, а која исто така и донела две номинации за споменатата престижна награда.



Покрај тоа се појавувала во сериите „Страст“,„Два и пол мажи“ и „Бети Вајт шоу“, како и во неколку филмови. Својата последна улога ја одиграла во серијата „One Day at a Time”, на Нетфликс.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …