(ФОТО) Докажана насилната страна на познатиот глумец: Деп во проблеми!

На фотографиите се гледаат модринки по лицето и телото кои наводно и ги нанел токму Деп, а во налет на бес глумецот наводно и искорнал прамени коса…
Откако бракот помеѓу актерскиот пар завршил бурно и со многу „валкани детали“, сега продолжил и на суд. Амбер Херд (32) го обвинила глумецот за насилство, а Џони деп (55) пак неа дека со лаги и местенки од него сака да извлече пари. Како доказ на сопственото сведочење во кое изнесува се’ што проживеала, сега во јавноста се појавиле и фотографии на претепаната Амбер кои ги приложила пред судот.


На фотографиите се гледаат модринки по лицето и телото кои наводно и ги нанел токму Деп, а во налет на бес глумецот наводно и искорнал прамени коса…
„Цела ноќ пиеше и се дрогираше. Наутро кога се разбудив ме дочека и почна да ме малтретира. Тој ден ме изудира повеќе пати, ме плукаше, гаѓаше со шишиња…се плашев за својот живот“, рекла глумицата во долготрајното и мачно сведочење.



Херд која можевме да ја видиме во филмот „Лига на правда“ како кралицата Атлантис Мера, се развела од Џони после една година брак и пет години врска. Развод побарала во мај 2016. година и веднаш потоа побарала судска заштита од Деп. Како причина за разводот глумицата навела „непомирливи разлики“, а насилството, според нејзините зборови, кулминирало во мај,кога наводно Џони во лице и го фрлил мобилниот и искршил неколку предмети во нејзиниот стан.
Сега, на суд, Херд, го опишувала нивниот однос од тоа време.


„На алкохол и дрога беше насилник и чудовиште. Комбинираше дроги и лекови и во тие состојби бев преплашена. После не би се сеќавал што правел. Го сакав и затоа му верував дека ќе се промени и ќе престане со се, но тоа беше лага“, раскажала Амбер.
Херд говорела и за наводната љуомора на глумецот.
„На приватен лет беше потполно пијан рано наутро. Ми забележа што ден порано за потребите на филм снимав романтична врска со Џемс Франко. Ми се дереше и ме гаѓаше со предмети, а потоа ме удри по грбот“, додала Амбер.



Адвокатот на Деп порано ги отфрлил сите обвинувања тврдејќи дека Амбер преку лажни обвинувања се обидува да оствсри финансиска корист, но таа сите добиени пари ги донирала и така се обидела да докаже дека парите од глумецот не и се мотивација. Глумицата и манекенка после грдото прекинување со Деп била во врска со иноваторот и милијардер Елон Муск (47) но и тој однос рано „пукнал“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: пет години без нашиот истакнат писател и публицист Ефтим Гашев

Ефтим Гашев е роден во 1925 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски писател и …