(ВИДЕО+ФОТО) Промоција на евровизиската песна „Here I stand“ во Дневник 1 на МРТ

Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.
Промоцијата на евровизиската песна на Васил „Here I stand“ ќе се одржи во четврток, 11-ти март во Дневник 1 на првиот програмски сервис на МТВ, со почеток во 17 часот и 30 минути. Од 18 часот песната со видео запис ќе биде достапна онлајн на официјалната јутуб платформа на Eurovision Song Contest.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)


„И покрај нашата желба да организираме промоција на евровизиската песна со присуство на новинари, со оглед на околностите во државата, воведување полициски час и зголем број на заразени од корона вирусот, одлучивме дека сепак е подобро да не организираме собири на кои сите би се изложиле на евентуална опасност и зараза“, соопштуваат од евровизискиот тим.
Песната е работена според мелодија и текст на самиот Васил, а за аранжманот и продукцијата се погрижија Борче Кузмановски и Давор Јордановски.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Изминатиов период, тим на МРТ во соработка со РТС работеше на реализација на снимка на сценскиот настап под мониторинг на ЕБУ, која треба да послужи како резервна варијанта, доколку е оневозможено присуство на делегацијата во мај, во Ротердам.
Македонскиот претставник веќе ја сними и евровизиската разгледница, годинава во виртуелно студио во МТВ. Со цел да се избегне патување, организаторите на Евровизија осмислија креативни видео разгледници, во кои секој од учесниците ќе се појави на различни локации во Холандија преку холограм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Vasil Garvanliev (@vasilg)

Во моментов ЕБУ фокусот го има на реализација на сценариото Б, што подразбира одржување на Евровизија во мај во Ротердам, со присуство на делегациите, но со примена на мерки за социјална дистанца и други протоколи за заштита од Ковид- 19.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 20 години без истакнатиот македонски историчар и археолог Томо Томоски

Томо Томоски е роден на 22 декември 1915 година во Скопје. Тој беше истакнат македонски …