(ВИДЕО) На водител паднал огромен „видео ѕид“! Минал без повреди!

Иако изгледало страшно водителот на колумбискиот ESPN, Карлос Ордуз минал без посериозни повреди. На него паднал огромен видео ѕид, а колегите во студиото занемеле.
Безгрижно ги редел хартиите, а потоа – ТРАС! Огромен видео ѕид го „покрил“ несреќниот колумбиски водител а колегите останале во шок. Тие само со неверување погледнале што се случило додека Карлос Ордуз се обидувал да се пробие под видео ѕидот. Тоа се случило во програма во живо, а веднаш потоа тимот отишол да му помогне на водителот.
Тој удрил со лицето на масата, а кој знае колку тешкиот ѕид го покрил од позади. Но, некако успеа да се извлече без повреди и се јавил на Daily Mail.


„Благодарност до сите што ми испратија пораки за поддршка. Морам да ви кажам дека сум добро, фала му на Бога. По прегледот, утврдија дека сум само со модринки и дека носот ми „добил“ малку повеќе, но не бил скршен“, рекол Ордуз.
Горе споменатото видео педизвикало море од коментари на социјалните мрежи и скоро никој не може да поверува дека колумбискиот водител се извлекол без повреди.

Фото: Принтскрин


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …