(ВИДЕО+ФОТО) Причини поради кои Меланија конечно може да го „шутне“ Трамп

„Меланија, сега си слободна жена, можеш да го шутнеш, е вообичаена шега што деновиве се прави на Интернет со поранешната прва дама на САД и нејзиниот сопруг Доналд Трамп.
За нивниот брак многу се пишуваше и се зборуваше во последните четири години. Самата Меланија беше ѕвезда на бројни мимови кои сведочеа за нејзиното наводно длабоко незадоволство затоа што била принудена да дели кревет со Доналд. Претседателскиот мандат на Трамп сега истече, но Интернетот не застанува, па убавата Словенка уште еднаш се најде на удар на критики и исмејувачки коментари.
Па така, на Твитер се појави друга мимика која објасни како реченицата „Јас завршив со тоа“ би изгледала како личност. Во фокусот, секако, е Меланија Трамп, која бега од Доналд Трамп, во моментот кога поранешниот претседател на САД ја напушта Белата куќа.


Иако интернет заедницата обожаваше да ги мрази и да ги прозива, најмногу затоа што, според нив, таа беше нем набљудувач на глупавите одлуки и изјави на Трамп, таа продолжи да служи како инспирација. Делумно ја сакаа и поради начинот на кој го „избегнуваше“ сопругот во јавност.
Токму затоа актуелната тема е разводот, но и причините зошто Меланија – жена со стил, ако ништо друго – треба да го напушти својот паднат сопруг.
Првата, најочигледна причина е дека Трамп повеќе не е претседател.
Нема сомнение дека на Меланија нема да и недостасуваат пари, а сега кога не е прва дама на САД, таа може лесно да го помине остатокот од својот живот во мир, далеку од човекот кој жестоко ја „нервирал“ во последните четири години, барем судејќи според мимиците.
Видеото, кое се рашири на социјалните мрежи во јуни, покажува токму таква нервоза – Доналд и Меланија Трамп, заедно со нивниот син Барон, се вратија во Вашингтон по викендот поминат во голф-клубот на Трамп во Њу Џерси. Како што се симнаа од претседателскиот авион, тогашната прва дама на САД двапати го избегна обидот на нејзиниот сопруг да ја фати за рака.
Додека се симнуваа по скалите, американскиот претседател се обиде да ја фати раката на својата сопруга двапати, но Меланија два пати го избегна тоаи, држејќи го нејзиниот фустан.
И ова не беше прв пат Меланија да биде ладна во јавноста кон Доналд или да одбие да ја држи за рака – такви случаи се имале случено многу пати претходно.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Saint Hoax (@sainthoax)

Поранешната прва дама на САД ќе може да здивне, вели Инстаграм. Една од познатите страници за мимови вчера се прости од поранешната прва дама, наведувајќи дека на серијата со нејзини мимови сега им дошол крај.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Saint Hoax (@sainthoax)

Од друга страна, ако не сака, вели Интернет, Меланија Трамп повеќе нема да мора да учествува во дизајнирањето на новогодишните украси – задача што доста ја мразеше, судејќи според видеото објавено во ноември минатата година, кое сведочи за наводен телефонски разговор помеѓу поранешната прва дама и тогашната советничка Стефани Волкоф.
На снимката се гледа како Меланија знае да пцуе и дека воопшто не била воодушевена што мора да се справи со божиќното украсување на Белата куќа.
„Кому му е гајле за новогодишните украси и декорации. Но, морам да го сторам тоа, нели?, се слуша на снимката изјавата на Меланија Трамп.

Сепак, Интернет навива Меланија да ги „измие“ своите гревови и сега, кога Трамп ги загуби изборите, да им покаже на граѓаните на Америка дека е „добар човек“.
„Оставете го веќе еднаш, разведи се“, се коментарите на Твитер упатени до Меланија.
Сепак, нема конкретни и вистински докази дека Меланија Трамп е несреќна во бракот. Приказните за развод остануваат само на ниво на само желби на интернет троловтеи и шпекулации на странски медиуми.

Видео и фото: Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …