(ВИДЕО+ФОТО) Паника во Австралија – луѓето бегаат поради новото „заклучување“

Во споредба со податоците во остатокот од светот, 26. нови случаи не се многу, но има неколку фактори кои ги натерале властите во државата Викторија да воведат строги мерки.
На најмалку 150 локации, луѓето би можеле да бидат изложени на нов вид на вирус. Следењето на контактите открило дека за 10.000 примарни и секундарни контакти веројатно ќе треба самоизолација, но Мерлино посочил дека тој број може да се промени.

Експертите посочуваат дека на епидемиолозите им е потребно заклучување за да стапат во контакт со сите што биле во контакт со заразените, но и со оние со кои биле во контакт, со цел што побрзо да се потисне ширењето на вирусот.
„Тие се многу ефикасни, имаме одличен систем. Ако една личност добие позитивен тест, одиме кај сите членови на домаќинството, ги тестираме и ги ставаме во карантин, а потоа стапуваме во контакт со оние со кои биле во близок контакт и со нивни контакти”, рекла Кетрин Бенет, раководител на епидемиологија на Институтот за здравствена трансформација во Мелбурн.

Бавна вакцинација
Државните власти посочуваат дека бавната вакцинација е делумно виновна за новото заклучување
„Ако повеќе луѓе беа вакцинирани, денес ќе имавме друга ситуација. За жал, ја немаме”, рекол премиерот Мерлино.
Ова е четврта блокада во Мелбурн од почетокот на пандемијата. Вториот по големина град во Австралија имаше најтешка состојба во целата земја минатата година, и тие успеаја да го контролираат ширењето на вирусот по четири месеци строги ограничувања во секојдневниот живот.
Илјадници луѓе низ градот веќе се во самоизолација, а како што се покажа, новозаразените биле посетители на два фудбалски натпревари, неколку ноќни клубови и една реконструкција на средновековна битка. Експертите претходно посочија дека бавниот процес на вакцинирање ја направил нацијата ранлива, а виновник за новото ширење е хотел во карантин, од каде започнало ширењето на вирусот 17. пати во рок од шест месеци.
Населението од 25. милиони луѓе во Австралија досега примило само 3,8 милиони дози вакцина, а дополнителните пратки ќе пристигнат во наредните недели. Во Австралија, 910 лица починале од вирусот „ковид 19“ од почетокот на пандемијата, а имало и 30.000 случаи, од кои повеќето биле во Викторија за време на вториот бран.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 12.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Во текот на овој ден Овенот треба да се фокусира на обврските поврзани …