(ВИДЕО+ФОТО) Паника во Австралија – луѓето бегаат поради новото „заклучување“

Седум милиони жители на австралиската држава Викторија влегуваат во нова, четврта блокада од четвртокот вечерта откако вирусот започна повторно да се шири.
Бројот на заразени лица, преку ноќ, двојно се зголемил. За главни виновници за ширењето на инфекцијата се сметаат бавната вакцинација на населението и ширењето на вирусот и покрај хотелскиот карантин.
Премиерот на Викторија Џејмс Мерлино пред новинарите во Мелбурн изјавил дека од полноќ на граѓаните ќе им биде дозволено да ја напуштат куќата само за итни обврски, одење на лекар, шопинг и рекреација. И’ училиштата и верските институции ќе бидат затворени. Затворањето е воведено за период од седум дена.
„Последниот ден видовме докази дека станува збор за исклучително заразен вид на коронавирус, варијанта која е загрижувачка и се шири побрзо отколку што забележавме порано“, рекол Мерлино.


Индиски вид
Тоа е сојот B1617, кој за прв пат беше идентификуван во Индија. Вирусот го донел во Викторија повратник од странство, кој бил негативен во карантинот во Јужна Австралија. Завршил 14-дневен карантин, кој патниците во Австралија мора да го извршат. Шест дена по враќањето во Мелбурн добил симптоми и бил тестиран.
Ограничен број луѓе ќе смеат да се собираат во јавноста и во домаќинствата, а во вторникот тие ја вратија обврската да носат заштитни маски. Многу жители се упатиле кон супермаркетите за да ги снабдат домаќинствата со потребните намирници пред новото заклучување, а доста од нив влегле во автомобилите и побегнале во Сиднеј.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 12 години без нашиот истакнат диригент, пијанист и оперски пејач Милан Фирфов

Милан Фирфов е роден во Скопје на 25 март 1943 година. Тој беше истакнат македонски …