(ВИДЕО+ФОТО) ОТВОРЕНО – Живкица Каленикова првпат проговори за загубата на родителите: „Татко ми почина од тага по мајка ми“

Во неполна година ги загуби двајцата родители. Пред седум месеци нејзината мајка, а неодамна почина и татко ѝ. Не успеа да ги задржи солзите, а интервјуто го правевме на роденденот на нејзината мајка.
Живкица Каленикова повеќе од 25 години е на TВ-екраните. Епитетот брзозборка го носи до денес. Генерациите ја паметат уште од времето на Зимската рекреативна програма на МРТВ во 90-те кога првпат се појави пред камерите. Потоа следеше тинејџерската емисија на Третиот канал, а до денес зад неа се куп емисии, квизови, музички манифестации.

This image has an empty alt attribute; its file name is zivkica-intervju.jpg


„Јас немав никој во семејството кој има врска со телевизија или медиуми. Сè почна со Зимската рекреативна програма кога бев седмо одделение. Еден ден дојдов на врата и им реков: ‘Здраво, јас сакам да работам тука’. Во тоа време не ти требаа врски за да бидеш некаде. Подоцна се отвори шансата и со Третиот канал. Тоа беа убави времиња. Памтам, добивавме писма од секаде, од обожаватели, ги отворавме во редакција, тоа многу ме правеше среќна”, раскажува Живкица за „Репортер”.

This image has an empty alt attribute; its file name is zivkica.png


Денес го води „Жилет шоу”, како продолжение на „Тунел”. Со своите гости, луѓе од ранливи категории, успеа да ги наметне темите за кои ретко се зборува на глас. Вели, луѓето имаа потреба да го кажат она што ги мачи, оти животот не е само среќа и патување.

И нејзината лична приказна како да се вклопи во некои од оние за кои зборуваше во „Тунел”. Во неполна година ги загуби двајцата родители. Пред седум месеци нејзината мајка, а неодамна почина и татко ѝ. Не успеа да ги задржи солзите, а интервјуто го правевме на роденденот на нејзината мајка.


This image has an empty alt attribute; its file name is zivkica-intervju-3.jpg

„Тоа не се пребродува. Се учите да живеете со болката. Среќна сум што бев дете на голема љубов. Моите беа заедно од 16 години. Утеха наоѓам во миговите дека неизмерно ме сакале. Имав мајка лавица, тука бил и татко ми, ама мајките имаат поинакво присуство кај децата. Утрото со мајка ми правев сосема нормален муабет, а веќе вечерта добив информација дека ја нема”, ова е само дел од она што со многу емоции и низ солзи го раскажа Живкица за своите родители.

This image has an empty alt attribute; its file name is zivkica-intervju-1.jpg

Сепак, не го загубила ведриот дух и насмевката. Со посебни чувства зборуваше за бракот со Зоран, како го минуваат времето заедно, како е да си мајка на три деца сите родени во три и пол години, кому што му готви, колку вежба. За убавите времиња во МРТВ, за сите оние манифестации кои таа ги водеше, љубовта кон радиото, за поддршката кога ѝ е најтешко, гледајте го интервјуто.

Фото: Принтскрин/YouTube/reporter.mk

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …