(ВИДЕО+ФОТО) НЕВРЕМЕ „ЈАНОС“ – ЦЕЛ ГРАД ПРЕТВОРИЛ ВО ЕЗЕРО: Неверојатно снимки од Грција после разорниот ураган!

Три лица загинале како резултат на „медитеранскиот ураган“, многу редок вид бура што го погоди поголемиот дел од Грција за време на викендот.
Бурата Јанос откорна дрвја и предизвика прекини на електричната енергија на Јонските острови и западниот Пелопонез.
Потоа се прошири во централна Грција, погодувајќи ги главно областите околу градовите Кардица и Фарсала, а потоа стигна и до Крит.


Експертите проценуваат дека околу 5.000 куќи во областа Кардица биле поплавени. Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис најавил помош од владата.


Бури како Јанос првпат во Грција беа регистрирани во 1995 година, но се почести во последниве години. Слично невреме ја погоди земјата и во 2018 година.
Во 2017 година, во поплавите загинаа 25 лица, а стотици останаа без домови.


 

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„LIVELYYY” – Дигиталната изложба по повод 50-годишнината од постоењето на Францускиот институт во Скопје

Денес во Ист Гејт Мол, со почеток во 12:00 часот, а по повод 50-годишнината од …