(ВИДЕО+ФОТО) НЕВИДЕНО! БРАНОВИ ОД 14. МЕТРИ ГИ ПОКЛОПУВААТ ЗГРАДИТЕ, ПЕНА ДО ПОЛОВИНА: Олујата „Глорија“ беснее по Шпанија – однела 6. животи!

Неверојатните снимки од бранови високи 14. метри и морска пена која ги поплавила градските улици се само некои од последиците од невремето Глорија што деновиве ја зафати Шпанија и веќе однесе 6 животи.
Спасувачките екипи имаат полни раце работа – околу 112 екипи реагирале на околу 400. инциденти предизвикани од Глорија, вклучувајќи дури 324. во Мајорка, 47. на Ибица, 15. во Менорка и 7. во Форментера.


Најмногу морска пена, од упаѓањето на брановите е забележана на улиците на гратчето Тоса де мар.


Судејќи по снимиите од социјалните мрежи, морската пена по улиците достигнувала нереална висина – дури до струк на луѓето кои се пробивале низ неа.

Еден 25. годишен Британец, во вторникот исчезнал од брегот кога брановите достигнале висина од 13,86 метри во Каталонија и 14, 77 метри на Балеарскит еострови, што е рекорд во тој туристички архипелаг.

Во некои крајбрежни области, настанати се снимки за бранови далеку повисоки од зградите.
Во Барселона, поради големите бранови, локалните власти ја забранија пловидбата со бродовите, а на жителите на Каталонија им било советувано да ги избегнуваат крајбрежните области.

Од почетокот на олујата Глорија,загинале шест лица, се трага по уште четири лица, а во пет покраини е прогласена вонредна состојба.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“

Новата книга за деца „Нови бајки од Македонија“, во издание на „Арс Ламина“ и Движењето …