(Рецепт) Скромен лекар со супа од моркови спасил илјадници бебиња

Името на Ернст Моро веројатно не и значи ништо на пошироката публика бидејќи неговот име не се спомнува во книгите и филмовите. Меѓутоа, медицинската заедница го знае овој извонреден австриски педијатар чии откритија спасиле илјадници бебиња.
Bright Side бил восхитен кога првпат слушнал за овој лекар и затоа одлучил неговата интересна приказна да ја сподели со читателите.
Ернст Моро е роден во 1874. година, во Љубљана, Словенија. Студирал на Универзитетот во Грац, за да подоцна стане професор по педијатрија на Универзитетот во Халдерберг. Педијатријата, во негово време, во Европа не била доволно развиена и смртноста на новроденчињата била многу висока, скоро 25. отсто.
Една од главните причини за смртта на илјадници бебиња бил проливот. Лекарот Моро успеал да најде начин како да ги спаси тие бебиња, а неговиот лек во исто време бил едностаен и генијален.
Моро предложил на бебињата да им се дава супа од моркови, која мајките и медицинскиот персонал ја вареле според негов рецепт од само три состојки:
– 500 г моркови
– вода
– сол


Пред варење на супата потребно е морковите да се измијат и исчистат. Потоа варете ги во вода додека не станат меки. Испасирајте ги морковите и додајте вода, таман толку за да биде околу еден литар супа. На крај додајте малку сол.
Се покажало дека оваа едноставна супа го запрела проливот кај новороденчињата, вклучувајќи ги и потешките облици.
Подоцна, студиите покажале дека олигосахаридите во морковот спречувале бактериите да се залепат за ѕидовите на цревата, што го запрело проливот. Со време овој лек е заменет со антибиотици и лекови против пролив, но во исто време многу придонело да се подигне стапката за преживување на новороденчињата.



Други откритија
Освен оваа волшебна супа, има уште многу други откритија на овој лекар,кои станале важен дел од модерната медицина.
Го осмислил називот „прво тромесечје“ и ги опишал клучните карактеристики на овој период од бременоста.
Развил едноставен кожен тест за туберкулоза кој се користел до 1960. ттите.
Открил дека доените бебиња подобро се борат против бактериите од бебињата кои се хранети на шише.
Лекарот Моро од местото професор по педијатрија се пензионирал во 1936. година, но продолжил да работи како приватен педијатар се’ до 1948. година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 06.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ве очекува одличен работен ден, со полн интензитет да започнете нов професионален циклус …