Крвниот притисок е како термометар за здравјето. Висок крвен притисок значи дека вашето срце работи потешко за да ја испумпува крвта. Ова е опасно бидејќи може да доведе до инфаркт, церебрална тромбоза или пореметување на бубрезите. Поради сето тоа неопходно е да се контролира притисокот.
Многумина го знаат како милениумски германски рецепт кој меша три основни состојки: лимон, лук и ѓумбир.
Секоја од овие состојки е исклучително добра за здравјето но нивната комбинација прави чуда. Има лимон кој е богат со витаминот Ц. Тој исто така има и алкални својства кои го регулираат pH нивото во телото.
Потребно ви е:
4 главички лук, ѓумбир – 4 см., 4 лимони, 2 литри вода
Подготовка: за почеток убаво измијте ги лимоните и ѓумбирот. Лимонот исечете го на кришки. Потоа излупете ги лукот и ѓумбирот, ситно исечете и сите состојки ставете ги во блендер. Миксирајте додека не добиете хомогена, течна смеса.
Потоа смесата истурете ја во лонец и загрејте ја. Потоа полека додавајте вода и оставете да зоврие. Откако ќе зоврие оставете смесата да се излади и истурете ја во стаклени шишиња и префрлете во фрижидер.
Задолжително пијте една чаша од смесата на празен стомак, а препорачливо е да се испие една чаша и пред спиење. Со тоа вашите артерии, за кусо време, ќе бидат како нови бидејќи маснотијата која ги затворила ќе се истопи и исчезне.
Ќе забележите дека вашиот крвен притисок е регулиран и стабилизиран.
Запамтете, пред да почнете да уживате во неговите својства, да го протресете пијалокот пред пиење.
Почнете да го користите овој сируп и ќе се чувствувате како нови.