ПРИНЦОТ ХАРИ и неговата американска сопруга Меган Маркл им свртија грб на Лондон и обврските на кралското семејство за да водат „помирен живот“ во Канада. Или барем се надеваат на тоа.
Младата брачна двојка ќе мора да се прилагоди на новиот живот во Северен Саниш, предградие на градот Викторија во канадската провинција Британска Колумбија.
Северен Саних на веб-страницата се претставува како „многу привлечно станбено и рурално подрачје“ со големо „земјоделско богатство“. Војвотката од Сасекс е видена како шеташе со нивниот син Арчи во Националниот парк Хорт Хил, по радикалното разидување со Бакингамската палата и центарот на Лондон.
Во 2018 година скоро 12,000 луѓе живееле во овој мал град на јужниот раб на островот Ванкувер, западниот брег на Канада.
Тоа е скоро третина од популацијата на Виндзор, каде Хари и Меган престојуваа во резиденцијата наречена Фрогмор Котиџ. Исто така, нема ништо заедничко со Лондон или Торонто, каде Меган живеела неколку години.
Помалку соседи и секако помалку внимание на медиумите (или така е замислено).Спротивно од „Дејли меил“ и другите британски таблоиди, кои секогаш бараат сензационалистичкаи насловни, локалниот печат најмногу се занимава со приказни за рециклирање и хуманитарни акции.
Брошура за новите жители на Северен Саних, објавена на Интернет, ја објаснува локалната понуда за превоз, активности поврзани со уривање на дрва и дозволи кои ќе му требаат на парот за кучињата на Меган.
Се чини дека Хари (35) и Меган (38) бараат мир но веројатно од време на време ќе им треба и малку урбано возбудување.