(ВИДЕО+ФОТО) НЕВЕРОЈАТЕН ПРИЗОР: Од водата изронила црква која со децении била потопена!

Црквата на Богородица од 19 век се појавила над водата на езеро во Мексико откакосо децении била поплавена поради изградба на брана.
Поради огромната суша што го зафатил регионот, водата во езерото се повлекла, давајќи им можност на сите повторно да видат поголем дел од црквата што исчезнал под вода во 1979. година кога била изградена браната, што исто така ја уништило целата населба Ел Зангаро, во која имало повеќе од 150 куќи.


Како што пренесува „Мексико дејли њуз“, повеќето луѓе кои порано живееле на тоа место биле задоволни но, морале да се иселат кога сфатиле дека ќе дојде вода и ќе ги избрка ако не заминат сами.
– Легендата ни кажува дека на овие луѓе им било многу тешко да го напуштат своето место, не само поради зградите, имотот, туку и поради чувството дека таму припаѓаат – рекол Далсе Васкез, директор на локалната општинска архива.


– Неколкумина од нив се спротивставија се додека не сфатија дека реалноста е дека тие треба да заминат затоа што водата ќе го опфати целото градчр – рекла таа и потсетила дека одлуката за потопување и на градот и на црквата ја донел 51-от претседател на Мексико, Хозе Лопез Портиљо откако блискиот град бил целосно потопен, и требало да се спречи тоа да се повтори.

Фото: Принтскрин/Twitter

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …