(ВИДЕО) ИЗВОНРЕДНО – Македонски песни во изведба на Тања Царовска и Џос Стон!

Секогаш е задоволство да се слуша Тања Царовска, а овојпат уште едно признание и стаса од Џос Стон, музичарка која патува по светот и изведува оригинална музика.
Таа со Тања се сретнала во Црна Гора, седеле во подножјето на планина од сол и запеале…повеќе македонски изворни песни…А, Џос сето тоа го нарекла Монтенегро…


„На планина од сол во државата Монтенегро се сретнавме со пејачката, автор на музика и композитор Тања Царовска. Нејзиниот ситл е опишан како припаѓање на Балканот но и византискиот музички жанр. Таа носи прекрасни мелодии и има многу инспиративни текстови. Беше прекрасно да се сретнеме со неа тука. Слушнете што испеавме заедно и се надеваме дека ќе уживате“, напишала Џос Стон во описот на видеото на Јутјуб.


Фото: Принтскрин/Youtube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …