Кралот Чарлс и кралицата во средата беа во Ливерпул за да ја откријат сцената за овогодинешниот Избор за песна на Евровизија, но нивната непријатна реакција набрзо стана предмет на потсмев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
Чарлс и Камила добиле приватна обиколка на M&S Bank Arena во Ливерпул и се сретнале со креативниот тим што го подготвува подрачјето за домаќин на долгоочекуваниот настан, но еден момент во кој беа вклучени кралското семејство предизвикал бурни реакции.
View this post on Instagram
Имено, Чарлс и Камила биле замолени да ја откријат овогодинешната сцена со притискање на големо розово копче, но таа задача им изгледала премногу комплицирана.
Изгледа дека парот не се договорил како да го направи тоа, што на крајот резултирало со многу непријатна реакција која станала предмет на потсмев на социјалните мрежи.
View this post on Instagram
„Имаше една едноставна задача“, „Колку е тешко да се притисне копче?“, беа само дел од коментарите за кралот Чарлс.
Овогодинешниот натпревар ќе го носи слоганот „Обединети од музиката“, а логото на натпреварот прикажува срца како чукаат заедно. Знамињата на земјите беа искористени како инспирација за шемата на боите.
Настанот ќе се одржи во Ливерпул, Велика Британија, бидејќи е премногу опасно да се организира во Украина, која победи во 2022 година, поради војната.]
Победниците од претходната година обично го организираат следниот настан. Велика Британија беше втора благодарение на Сем Рајдер во 2022 година, па решија Ливерпул да биде домаќин на овогодинешното издание во име на Украина.
Фото:Принтскрин/Instagram