(ФОТО) Бебето кое Анџелина Џоли го посвои во Камбоџа во 2002 година, сега е возрасен млад човек

АМЕРИКАНСКАТА актерка Анџелина Џоли присуствуваше во средата навечер со нејзиниот син Медокс Џоли-Пит на гала вечерата во Белата куќа организирана од претседателот Џо Бајден и неговата сопруга Џил по повод државната посета на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол и неговата сопруга Ким. Кеон-хи до САД и прослава на 70-годишнината од сојузот меѓу САД и Јужна Кореја.

Американските медиуми пишуваат дека Медокс (21) е добар познавач на Јужна Кореја, со оглед на тоа што студира биохемија на сеулскиот универзитет Јонсеи, а за време на престојот таму студирал и корејски.
Џоли (47) ја посети Јужна Кореја во 2019 година заедно со Медокс за да се запише во прва година на Универзитетот Јонсеи. Но, по една година, младиот човек се вратил во САД поради пандемијата на Ковид-19.



„Не можев да бидам посреќна поради изборот на Мад за универзитет. Во моментов е затворен, се разбира, поради пандемијата, но тој ќе се врати и ќе продолжи со студиите штом работите ќе се смират“, изјави Џоли за јужнокорејскиот Donga Daily 2020. Сите сме многу среќни како семејство што благодарение на Медокс ќе имаме можност да ја запознаеме Јужна Кореја за време на неговите студии во таа земја“.

View this post on Instagram

A post shared by LBC (@lbctv)

Анџелина го посвои во 2002 година
Медокс Џоли-Пит е најстарото од шесте деца на познатата актерска двојка.
Анџелина го посвоила од сиропиталиште во Камбоџа кога имал седум месеци. Џоли има уште пет деца со поранешниот сопруг Бред Пит: Пакс (19), Захара (18), Шајло (16) и четиринаесетгодишните близнаци Нокс и Вивиен. Медокс, Пакс и Захара беа посвоени.
Втората државна вечера на администрацијата на Бајден беше одржана за да ја прослави „седумдесетгодишнината од сојузот меѓу Соединетите држави и Република Кореја, клучна за унапредување на мирот, стабилноста и просперитетот на двете земји, Индо-пацификот и светот“, се вели во соопштението за печатот.
На вечерата настапија ѕвездите од Бродвеј, Норм Луис, Леа Салонга и Џесика Воск.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …