(ВИДЕО+ФОТО) „Нешто конкретно“ со Сара Мејс, Вели Мумин, д-р Ангелчо Андоновски:„Ќерка ми со каменче си го напиша името кај мене на кола, сега си ја возам изгребана!“

Времеплов во најновата емисија на „Нешто конкретно” (Недела 17 часот на ТВ ТЕЛМА), зборуваме за едно време кога се беше поубаво, понаивно, поненаметливо, зборуваме за шареноликоста на детсвото во кое израснаа другите генерации и споредуваме како сега растат децата. Од кога не сте виделе некој на улица да игра „Сакате ли војска”, „Жмурка”, „Камај, камај”, „Ластик”, да си игра со џамлии на земја и што уште не, впрочем, од кога не сте виделе деца на улица?

This image has an empty alt attribute; its file name is мејс1-min.png


Напредната технолохија ни го олесни животот, но дали влијае добро на растот на нашите деца? Во емисијата имаме гости кои што работат со деца, растат деца и секојдневно се соочуваат со проблемите на новите генерации. Цаци Паковска, како автор на емисијата за деца „Дајте музика” зборува за начинот на кој што таа ги воспитува своите деца и за искуството со оние со кои што работи. Сара Мејс евоцира спомени од своето детство, но во емисијата сподели и како знае да го казни своето дете кога е потребно. Д-р Ангелчо Андоновски со своите синови е на „брат”, а Вели Мумин дневната соба ја претвора во ринг кога неговите деца не знаат каде да ја потрошат вишокот енергија (smiley) „цели се на тато”, вели тој.

This image has an empty alt attribute; its file name is veli-mumin-min.png


Зошто се вика убав на мама, а паметен на тато? Кој треба да ги воспитува децата мажот или жената? Се чини дека се што е лошо кај децата му се препишува на оној што е помалку присутен, а доброто колку и да е добро секогаж може да биде подобро. На овие и други теми зборуваме во најновата емисија на „Нешто конкретно” со Снеже Велков, влезете на нашиот канал кликнете subscribe и погледнете ја целата емисија.


Фото: Принтскрин/YouTube

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …