(ВИДЕО+ФОТО) Не сакала да се вакцинира па горко зажалила:„Во болницата слушав само стенкање!“

Има се’ повеќе антиваксери и невакцинирани луѓе кои се соочуваат со тешки симптоми на коронавирус. Една од нив е ТикТокерката Александра Бланкенбилер од Флорида, која починала од компликации на корона вирусот само девет дена откако била примена во болница. Пред да почине, таа објавила видео од болничкиот кревет во кое зборува за тоа дека сфаќа дека погрешила.
Во видеото, таа ги моли сите млади луѓе да се вакцинираат и им кажува за нејзиното искуство во болницата, пишува Daily Mail.
„Секој ден слушам страшни лелеци од соседната соба“, рекла таа.


Нешто повеќе од една недела подоцна, таа починала од компликации предизвикани од коронавирусот на 31. година.
Оваа млада девојка ја следат повеќе од 16. илјади луѓе на социјалната мрежа Тикток.
„Немам многу енергија, затоа ќе се обидам брзо да ви го кажам ова. Не сум вакцинирана, но не сум ниту анти-ваксер. Едноставно не бев сигурна дали вакцината може да ми наштети, сега гледам дека тоа беше грешка и се плашам“, рече таа.


„Одете и вакцинирајте се“

„Тоа беше голема грешка, не требаше да чекам. Одете и вакцинирајте се, не чекајте да завршите беспомошни во болница како мене. Во ред е да се сомневате, но само ви кажувам, размислував да се вакцинирам со недели, и бев подготвена, но чекав и моето семејство да одлучи за тоа“, рекла таа, едвај зборувајќи.


На крајот, таа ги убедила. Закажала вакцинација со нејзините две сестри и мајка. Но, веќе било доцна. Сите четири се заразиле, а нејзината инфекција станала најсериозна.
Под нејзиното видео, се појавија коментари кои велат дека опасноста од вирусот е претерана. Потоа снимила уште едно видео како одговор на тие коментари.
„Тука сум од рано петок наутро и се што слушнав се офкања и крици. Луѓе, мислам дека плачат затоа што ги загубија саканите. Ова е опасно, разберете го тоа“, рекла таа.
Таа го снимила видеото по пристигнувањето во болница, починала само девет дена подоцна, на 24. август. Снимката е прегледана повеќе од 800.000 пати.


Тоа не е изолиран случај
Ова не е првпат некој што се сомневал во вакцините да умре во Флорида. Контроверзниот радио водител, Марк Берние, кој јавно се спротивставил на вакцината, исто така неодамна почина. Имаше 66. години. Во своите говори, тој велеше дека американската влада „се однесува како нацистите“ кога ги принудува луѓето да се вакцинираат.
Осум дена пред него, Фил Валентин, 61-годишен радио водител од Тенеси, кој ги исмејуваше вакцините против коронавирус, почина, но тој се премисли бидејќи се разболе. Тој се бореше со коронавирусот еден месец.
Дик Фарел, поранешен коментатор на Newsmax и страствен антиваксер, исто така, предоцна се премисли. Радио водителот од Јужна Флорида почина на 6. август, исто така на 65 -годишна возраст, откако им рече на слушателите да не се вакцинираат, нарекувајќи ја пандемијата „измама“.
И’ Фарел и Валентин, како што се влошуваше нивната состојба, ги поканија пријателите и обожавателите да се вакцинираат во секој случај, жалејќи што тие самите не го направиле тоа.

Фото: Принтскрин/ТикТок

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Излет на село – „Цветници“

Денес на празникот Цветници со почеток во 11:00 часот, во организација на Здружение за локален …