(ВИДЕО+ФОТО) НЕ Е НАУЧНА ФАНТАСТИКА: Милионскиот град го прекрила опасна песочна бура

Главниот град на Кина, Пекинг, утрово осамна покриен со песок со многу опасни честички, што резултираше со фотографии како од филм од научна фантастика.
Како што се наведува, за тоа е „одговорна“ пустинската бура од Монголија и северозападна Кина.


Властите во Пекинг потврдија дека песочната бура донела голема количина опасни честички познати како ПМ10, кои продираат во органите за дишење и ПМ2,5 честички, кои можат да влезат во крвотокот.
Видливоста во Пекинг е намалена, врвовите на некои облакодери не се видливи поради облаци од песок, а пешаците ги покриваат очите обидувајќи се да ги пробијат прашината и песокот.


Кинеската метеоролошка служба издаде жолт метеоролошки аларм во петокот, предупредувајќи на доаѓањето на песочна бура од Монголија.


Фото: Принтскрин/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре, 18.05.2024 година, во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Првиот ден од викендот им доаѓа очекувано за повеќето родени во знакот Овен, …