АКТЕРОТ Џаред Лето е еден од последните во низата познати личности кои позираат целосно голи или во долна облека за да ги охрабрат обожавателите да одат на гласање.
„Не заборавајте да гласате“, напиша Лето под фотографијата.
48-годишниот актер им се придружи на голем број sвезди, меѓу кои Марк Руфало, Сара Силверман, Џена Деван и Наоми Кембел, кои на овој начин сакаат да ги охрабрат Американците да излезат на гласање во што поголем број.
“Еј, јас сум гола. Одлично, сега кога го имам твоето внимание: Гласај! И ако гласаш во отсуство, провери дали ги следиш СИТЕ упатства на твоето гласачко ливче. Не ме држи за збор, слушај ги сите мои голи пријатели”, напиша Наоми под видеото што го сподели на својот профил на Инстаграм.
Една од првите славни личности што употреби голотија за да ги покани гласачите да гласаат беше Кајли Џенер.
По нејзиното објавување, имаше неверојатен пораст од 1.500 проценти во однос на претходниот ден на американската алатка за регистрација и проверка на гласачите преку Интернет.