Астрологот кој ја предвиде короната има ново предупредување

Џесика Адамс е британска астролог, која тврди дека предвидела „вирус што ќе го вознемири светот“ – што подоцна се покажа дека е коронавирус. Сега открива предвидувања за следните шест месеци.
Адамс рече дека во февруари 2019 година зборувала за своите грижи со надеж дека ќе ги предупреди луѓето, но никој не ја слушал. Таа предвидела дека сè ќе започне на 10. јануари 2020. година, а на тој датум, Ковид – 19 ја однесе првата жртва во Велика Британија.
Астрологот истакнал дека знаела што ќе се случи, ја откажала големата забава што ја подготвувала за март, го напуштила својот дом во Лондон и се преселила во Тасманија, каде сè уште живее со своите две кучиња и кокошки. Бидејќи сега тврди дека нејзините предвидувања се оствариле, таа решила да открие што може да се случи за Божиќ, на американските избори, но и со кралското семејство, пишува The Sun.


Адамс вели дека некое време ќе се бориме против коронавирусот и дека нема да има вакцини, затоа едноставно ќе мора да се навикнеме на „новата нормалност“. Таа тврди дека Божиќ ќе биде фантастичен оваа година. Работите ќе почнат да се менуваат четири дена пред католичкиот Божиќ, па сè ќе се врти „околу пријателството и глобалната безбедност“.
Што се однесува до кралското семејство, нема да има емотивна средба помеѓу принцот Хари и принцот Вилијам. Таа предвидува дека Меган Маркл и Хари ќе инвестираат во алтернатива на кафето, чоколадото и месото, а некаде на патот ќе се најде и згоден бизнисмен.


Адолесцентите, тврди Адамс, ќе дојдат во центарот на вниманието до 2023. година и „многу брзо ќе дојдат на власт“. Таа вели дека сите ќе бидат воодушевени од тоа колку брзо напредуваат. Таа е убедена дека ќе се случат големи промени во глобалната економија. Перењето пари ќе заврши, а корумпираните и скапани економски системи ќе пропаднат. Следната година ќе биде обележана со поголеми иновации и пронајдоци отколку што сме имале многу години.
Што се однесува до американските избори, вели та, работите нема да одат како што треба, и можно е тие да бидат одложени. Кога ќе бидат одржани, Доналд Трамп нема да биде задоволен затоа што нема да биде реизбран. Таа исто така предвидува како Обединетото Кралство ќе се подели на четири одделни држави и дека тоа не чека во јануари 2021 година.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 03.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Ефикасниот и работно мотивиран Овен крајот на првата работна недела го дочекува задоволни …