(ВИДЕО+ФОТО) Најголемата фолк-забава за ова лето е во Битола!

Градот Битола е подготвена на 1-ви септември да ужива на најголемиот фолк-спектакл за ова лето, поточно големиот концерт каде ќе настапат најпознатите фолк-ѕвезди од нашата естрада.


Концертот е закажан на ракометното игралиште во Битола, а публиката ќе ужива во најголемите хитови во изведба на популарната Сузана Гавазова, Анета и групата Молика, Марјан Коцев, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ирена Спасовска, Дамјан Стојановски, Рамко Беслими, Ален Хасановиќ, Каан Мазхaр и Зуица Лазова. Сите овие изведувачи ќе ги пратат познатите музичари од групата „Молика“.



Атрактивната пејачка Сузана Гавазова вели дека едвај чека да запее на големата бина на 1-ви септември во Битола.
– Со нетрпение чекам да дојде 1-ви септември. Секогаш сум возбудена кога сцената ја делам со моите колеги од естрадата. Битолчани ќе уживаат, верувајте – порача Сузана.


Исто така и турскиот пејач Каан Мазхар не го криеше задоволството што ќе настапува пред битолската публика.
– Ќе биде убава вечер во Битола. Мене ми е чест и задоволство што ќе пеам со најдобрите во нашата земја. Ги поканувам сите кои се во можност да дојдат и да уживаат – изјави Каан.


Инаку станува збор за голем концерт со мултиетнички карактер, каде покрај многуте македонски фолк-ѕвезди ќе можеме да видиме изведувачи од другите етнички заедници, како што се Ромите, Турците и Бошнаците.
Она што е важно да се напомене, а тоа е дека познатите изведувачи ќе имаат прилика да пеат на најсовремена опрема, голема бина и одлично осветлување, нешто што ретко се гледа кога станува збор за фолк-музиката.
Концертот ќе биде организиран според сите мерки за заштита од корона-вирусот!


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Неверојатна атмосфера на вчерашниот Флеш моб на Плоштад Македонија Скопје наскоро во улога на домаќин на Светското првенство во хип хоп 2024

По повод меѓународниот ден на танцот, вчера на Плоштад Македонија се одржа Флеш моб, во …