Починал глумецот Ед Аснер: Ќе го памтиме по многу улоги, а внесе душа и на познат лик од цртан филм


Легендарниот актер Ед Аснер, кој се прослави со улогите во ситкомот „The Mary Tyler Moore Show“ и филмовите Елф и „Горе“, почина на 91 -годишна возраст, потврди неговото семејство на Твитер.
„Жал ни е да ве известиме дека нашиот сакан татко почина мирно утрово. Не можеме со зборови да ја опишеме тагата што ја чувствуваме. Бакнеж на челото и добра ноќ, тато. Те сакаме“, напишале тие.


Тој освои седум Еми награди и беше првиот што освои награди во категоријата драма и комедија за портретирање на ист лик.

Во 2000 -тите, Аснер уживаше во вториот бран од својата долга кариера. Го играше Божиќ Бата во филмот „Елф“ во 2003 година, а шест години подоцна му даде глас на ликот на Карл Фредриксен во анимираниот филм „Горе“.
Пред само неколку дена, Аснер во интервју зборуваше за падот на Кабул и можноста да се отповика гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) ИНТЕРВЈУ СО ЗДРАВКО ЧОЛИЌ: „Никогаш не сум имал три концерти по ред но за македонската публика сум посебно врзан!“

– „Сигурно ќе одам на моето омилено место на Водно. Имам многу лични и специјални …