(ВИДЕО+ФОТО) Најдобар танчер: Настапот на момче со Даунов синдром е хит!

Ендрју се „шокирал“ кога ја видел публиката па на миг запрел со танцот, но мајка му го охрабрила да продолжи со настапот, чиј крај, освен публиката, и двајца членови од жирито го дочекале во солзи…


Почнал во дневната соба да ги изведува танцовите од шоуто „Strictly Come Dancing“ бидејќи тоа го веселело, раскажала Дона, мајка на 21. годишниот Ендрју.
Настапот на момчето со Даунов синдром на аудицијата на шоуто „The Greatest Dancer“ станал вистински хит.


Inspiring dancer Andrew leaves Cheryl in floods of tears – The Greatest Dancer | Auditions

INSPIRING DANCER ANDREW LEAVES CHERYL IN FLOODS OF TEARSHE INSPIRES US ALL ❤️


Gepostet von SOAR Street-Dance am Montag, 7. Januar 2019

Видеото кое во понеделникот е објавено на Фејсбук воодиушевените луѓе ширум светот досега го погледнале повеќе од 29. милиони пати.
Многумина во коментарите признаваат дека не можат да престанат да плачат.
Шоуто е така конципирано што танчерите минуваат во следната фаза на натпревари и добиваат ментори дури ако 75% од публиката гласа дека им се допаѓа тоа што го гледаат.

Ендрју на почетокот на шоуто делувал нервозно, но веќе после 25. секунди собрал доволно гласови да мине поонатаму.

Во тој момент се отворило огледалото и Ендрју пред себе ја видел публиката. Тоа го шокирало па на момент престанал со танцот но мајка му го охрабрила да продолжи со настапот, чиј крај, освен публиката и двајца членови од жирито го дочекале во солзи.

Но, како сите да не плачеле доволно, Ендрју на бината го довел својот најдобар пријател Том.
Ако Ендрју победи ќе освои 50. илјади фунти а танчерските движења ќе може да ги покаже и во шоуто „Strictly Come Dancing“.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес се сеќаваме на нашиот фолк пејач Ѓоко Дончев

Ѓоко Дончев е роден на 2 мај 1949 година во Валандово. Тој беше истакнат македонски …