(ВИДЕО+ФОТО) МОМЧЕ (5) ЈА СПАСИЛО СВОЈАТА СЕСТРА (2) ОД ПОЖАР, А ВО ЗАПАЛЕНАТА КУЌА СЕ ВРАТИЛ ПОРАДИ ОВА: ЦЕЛИОТ СВЕТ Е ГОРД на овој храбар мал ХЕРОЈ!

5-годишното момче Ноа Вудс од Северна Џорџија го спасило целото семејство кога нивната куќа се запалила поради неисправни инсталации во февруари 2020. година.
Ноа го воодушевил светот со својата храброст, а благодарение на неговата навремена и правилна реакција, неговото семејство излегло од запалениот дом само со мали изгореници. Успеал да спаси дури 7. животи и за тоа добил награда за спасување живот.


Ное се разбудил една вечер и ја видел неговата соба запалена. Веднаш ја зел својата двегодишна сестра и ја извел од запалената куќа низ прозорецот, кој бил единствениот дел од нивниот дом кој тогаш не бил зафатен од пожарот.
Штом ја однел сестра си на безбедно, Ноа се вратил во запалената куќа за да ги извлече кучињата, а потоа истрчал и ги разбудил соседите, кои повикале пожарна.
Неговата сестра се здобила со полесни изгореници на нозете, но освен тоа, таа била добро. Ноа и уште четворица членови на неговото семејство биле лекувани само поради полесни изгореници.


– Ова дете овде е толку срдечно – рекол негов роднина на прес-конференцијата и додал:
– Почестен сум и привилегиран што сум дел од ова семејство и што го познавам. Слушнав дека хероите доаѓаат во сите облици и големини. Ми покажа оваа недела, а годините се дел од тоа. Да се ​​знае дека едно петгодишно дете може да излезе и да го спаси целото свое семејство, ми ги отвора очите.

Фото: Принтскрин/YouTube


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Циклонот од Атлантикот се поблиску до Македонија, подгответе се за обилни врнежи и грмежи – Постои можност за локално невреме!

Метео прогноза на Славчо Попоски: Утре и во вторник, и тоа под влијание на нов …