Австралискиот камионџија Бил Морган (37) имал големи тешкотии во животот, кои биле спој на непредвидени и страшни околности, но како што знаат да кажат нашите, тркалото на среќата се врти и навистина му се свртело.
Морган бил речиси смачкан и едвај жив во чудна несреќа со камион на работа. Тој ја преживеал несреќата, но поради тоа страдал од срцеви заболувања. Имал алергиска реакција на лекот за срце што му го препишал лекарот, толку силна што предизвикал инфаркт поради што бил клинички мртов цели 14. минути.
Лекарите тогаш едвај успеале да го оживеат, но како резултат на сето тоа бил во кома цели 12. дена, поради што неговото семејство двапати било советувано да го исклучат од апаратите.
Тркалото на среќата се свртело во вистински момент за Бил, а тој се разбудил без трајни оштетувања, но тоа не било крајот. После тоа, Морган добил подобро платена работа, ја запросил својата девојка Лиза Велс, а една недела подоцна купил лотарија – грепка со која буквално добил на лотарија. Ја изгребал и открил дека добил нов автомобил.
View this post on Instagram
Локалната телевизија испратила екипа да сними симпатична и емотивна човечка приказна за Бил и неговиот среќен пресврт на среќата, а камерманите мислеле дека би било интересно повторно да го снимаат како купува грепка во истиот киоск и ја гребе пред камери.
Што се случило потоа, никој не можел да предвиди: на лозот што Морган го „гребел“ пред камерите имал добивка од 250.000 долари, а телевизијата се пренесувала во живо!
Извор: DailyMail