(ВИДЕО+ФОТО) МАКЕДОНСКИ ТАЛЕНТИ – Ангела Маџирова: Од Њујорк на Бродвеј директно до Богданци со концерт во Домот на култура!

 „Од Њујорк на Бродвеј директно до Богданци во Дом на култура, повелете на концерт со Бродвејски хитови!“, вели Ангела на нејзиниот профил на Фејсбук…


Ангела потекнува од Богданци. Таа е редовен ученик во ПСУ „Јахја Кемал“ – Скопје и вонреден ученик во ДМУЦ „Сергеј Михајлов“ – Штип.
Ангела е редовен член во женскиот камерен хор „Св. Злата Мегленска“, а исто така ја посетува Академијата за естрадно пеење „Ѕвездички“. Свири на клавир од седумгодишна возраст и членува во Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ веќе осум години.


View this post on Instagram


A post shared by Angie🎶 (@angelamadjirova)


Доколку не се сеќавате која е Ангела, само ќе ве потсетиме дека таа е девојката од Богданци која свири на клавир, гитара, укулеле, пее и компонира и многумина ја помнат по нејзината композиција за соло-пијано со тема од народната македонска песна „Сербез Донка“…

…но и други композиции, како од домашни така и светски изведувачи…

Ангела Маџирова од Богданци учествуваше на натпреварот „Американ протеже“ (American Protégé – International Vocal Competition) и освои втора награда во категоријата бродвеј, па сега ја чека настап во познатата концертна сала „Карнеги хол“ во Њујорк.

За натпреварот, Ангела се подготвувала под менторство на професорката Ана Костадиновска.
Со оглед на пандемијата настапот на Ангела Маџирова во „Карнеги Хол“ најверојатно ќе се одржи во 2022/2023, односно кога ќе се создадат услови.

Фото: Facebook

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почна снимањето на дебитантскиот филм на Косара Митиќ со работен наслов „17“

По повеќемесечни темелни подготовки, почна снимањето на долгометражниот игран филм со работен наслов „17“, дебитантското …