(ВИДЕО+ФОТО) Мајката на Роналдо не ја сака Џорџина за снаа, еве што и порачала!

Џорџина Родригез е позната како долгогодишна девојка на фудбалерот Кристијано Роналдо со кого ја има ќерката Алана Мартин.

27-годишната девојка стана sвезда покрај него, а неодамна потврди дека добила свое шоу наречено „Јас Џорџина“. Пред неколку дена излезе објава која даде само мал увид во она што можеме да го очекуваме од шоуто.
Имено, во него ќе се појави и Роналдо, но целото внимание се уште е насочено кон Џорџина и нејзиниот живот зад камерите. „Тоа не зависи од мене… Но, јас би го сакала тоа. Ако е Божја волја, да се надеваме“, го коментирала возбудливата бринета шоуто за потенцијалната свршувачка со фудбалерот со кого е од 2016. година.


View this post on Instagram


A post shared by Cristiano Ronaldo (@cristiano)


Во исто време, шпанска „Марка“ пишува дека мајката на Кристијано, Долорес Авеиро не е задоволна од изборот на нејзиниот син и не сака тој да се ожени со Џорџина. Долорес мисли дека Џорџина гледа само добар приход во се и дека навистина не и се допаѓа нејзиниот син, а наводно таквото мислење не го крие.

Истиот портал пишува дека мајката е поддржана од останатото семејство кое ќе направи се за да ја спречи венчавката. Џорџина и Кристијано во моментов живеат во Манчестер со четирите деца, биолошката ќерка и три негови деца кои му ги родиле сурогат мајки. Интересно, Долорес неодамна изјави дека убаво се сложува со Џорџина.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Вечерва во Драмски игра претставата „Фирма“

Вечерва во Драмскиот Театар во Скопје, со почеток во 20:00 часот, ќе може да ја …