(ФОТО) Американскиот музичар го победил ракот!

„Морам да правам прегледи на секои шест месеци и ќе ми треба до крајот на годината за да се вратам во нормала, но денес е неверојатен ден и се чувствувам благословено“, напишал Марк Хопус
Американскиот музичар Марк Хоппус, басист и пејач на групата „Блинк-182“, сподели среќна вест со своите следбеници на Инстаграм. Повеќе нема рак.
-Само што бев кај мојот онколог и веќе немам рак! Фала му на Бога и универзумот, пријателите, семејството и сите што ми испратија поддршка, добрина и љубов. Морам да правам прегледи на секои шест месеци и ќе ми треба до крајот на годината за да се вратам во нормала, но денес е неверојатен ден и се чувствувам благословено, напишал музичарот.


View this post on Instagram

A post shared by Mark Hoppus (@markhoppus)


Да потсетиме, Хопус кон средината на јули рече дека неговиот рак е во четврта фаза.
– Мојата крв се обидува да ме убие. Мојата класификација е дифузен Б-клеточен лимфом 4-А, што значи дека навлегол во четири делови од моето тело. Не знам точно како ја одредуваат нејзината пропорција, но навлезе во доволно делови од моето тело, така што ракот е во четврта фаза, што мислам дека е највисок степен, рече тој тогаш.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Тоби Мазхар со најава за песна со светски рапер

По двегодишна пауза, турскиот пејач, текстописец/продуцент Tolga „TOBY” Mazhar се враќа со долго очекуваното продолжение …