(ВИДЕО+ФОТО) Љубов и добрина кон несреќните: Топол оброк за студени денови – вистински извор на среќа

Новогодишните и божиќните празници се вистинска причина за да подариме насмевка на сите на кои им е потребна. Предновогодишната магија и радост е значајна за целото општество, тоа нѐ одржува сите во живот. Изворот за среќа и радост се малите гестови кои исполнуваат со позитивни чувства и среќа. Често тоа е само подадена рака и топол оброк.


„Топол оброк за студени денови” е акција која ги стопли срцата на луѓето кои немаат свој дом. Ресторанот и центарот за настани Аликас, чија приказна претставува извор, е место каде понира љубовта, среќата и добрината. Посветени на својата мисија и со надеж дека ќе поттикнат поголема мотивација во заедницата, тие им дадоа поддршка на тие на кои што им е најпотребна.


Поделени беа над 100 топли оброци низ целиот град пренесувајќи дека сите имаат поддршка од општеството и заедницата. Тимот ја посети и црквата св. Ѓорѓија во населбата Ѓорче Петров каде што секојдневно доаѓаат лица на кои што им е потребна таа помош и кои се сведоци на човековата добрина.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Бимилк организираше семинар со д-р Ранко Рајовиќ за негување на интелектуалните способности на децата

Воспитувачи, психолози, педагози, дефектолози како и родители учеа од д-р Ранко Рајовиќ за техниките за …