Романтично, акустично доживување со Нокаут во Скопје Мериот хотел

Спектакуларен концерт на Нокаут се одржа завчера во наменски подготвената просторија на Скопје Мериот хотел. Концертот, кој траеше цели 2 часа, покрај тоа што беше уникатно, предновогодишно уживање кое се преточи во една магична вечер на романтични музички ноти и акустичен звук, им овозможи на сите љубители на музиката на Нокаут да бидат дел од снимањето во живо на новиот акустичен албум на бендот.

Нокаут настапи заедно со Игор Џамбазов, специјален гостин беше Гуру Харе, а концертот беше поддржан од Скопје Мериот, SATO, Ballantine’s, V-TAC, винаријата Тиквеш и македонската модна дизајнерка – Ирина Тошева.


Фото: Стефан Рајхл

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Почина таткото на Тоше Проески

Веста за неговата смрт на социјалните мрежи ја објави неговата ќерка Дора, „Светол патот, татко …