„Човек да пукне од тага“: Девојчето Јана секој ден проси на улица а нејзината желба ќе ви „го скрши“ срцето

Желбата на Јана не се парите кои неуморно ги собира…
Девојчето Јана со денови проси на една белградска раскрсница. Има пет години, сама е на улиците на големиот град и веројатно е уште една жртва од злоупотреба на децата од страна на родителите, во цел на просење.
Повеќето возачи го отворале прозорецот, и даваат малку пари и продолжуваат понатаму. Таа неуморно продолжува да го чека црвеното светло и својата шанса да добие малку пари.
На прашањето како се вика и колку години има, одговара:„Јана“ и ја подигнува раката со пет прсти. Вели дека родителите и се тука некаде.
„Немаме пари и морам да просам“, им рекло девојчето на новинарите на „Блиц
Сепак, ова девојче има само една желба, но тоа не се парите кои неуморно ги собира по наредба на своите родители. Јана го сака она што и секое девојче на нејзина возраст – кукла.
„Тука е секоја вечер, човек да се наежи и пукне од мака“, рекол еден од минувачите кој и дал 500. динари (отприлика 5 евра).

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Хороскоп за утре за сите хороскопски знаци: Прочитајте што не советуваат ѕвездите за утре 04.05.2024 во врска со работата, љубовта и здравјето

Овен Работа: Иако вашите околности може да бидат комплицирани денес, вие сте решени да постигнете …