(ВИДЕО+ФОТО) Легендарниот кошаркар бурно реагирал на одлуката на неговиот син: Роден како маж а живее како жена!

Прославениот НБА кошаркар, Меџик Џонсон, бурно реагирал кога синот Еј му соопштил дека повеќе не сака да се крие и дека сака да продолжи да го живее животот како лице кое се декларира дека е женско.


View this post on Instagram

Maleficent goes to the @glaad awards #teamthis


A post shared by EJ Johnson (@ejjohnson_) on


Еј станал риалити ѕвезда, а откако и’ јавно се декларирал дека е геј (хомосексуалец), почнал да носи женска облека, после што привлекол огромно вниамние на јавноста. Во текот на гостувањето во една ТВ емисија признал дека одлучил да го промени полот, што воопшто не му се допаднало на неговото семејство кое во почетокот било многу луто на него.
„Добро се чувствувам во ова тело“, изјавил своевремено Еј.

Неговата мајка исто така признала дека кога дозанала дека нејзиниот син живее како хомосексуалец и дека сака да го промени полот, во првиот момент, за неа тоа била вест после која не знаела како да се однесува. Кога страстите се смириле разговарала со синот и ја прифатила неговата одлука, но се плашела што на сето тоа ќе каже неговиот татко.
Иако во почетокот не можел да го прифати сето ова, инаку за него страшно, и како вест и како сознание дека имал син кој се подготвува да му биде ќерка, Меџик му пружил рака на синот со кого денес е во добри односи.

Џонсон своевремено бил еден од најдобрите кошаркари во историјата на НБА освојувајќи дури пет титули со „ЛА Лејкерси“. Кога своевремено дознал дека е заразен со ХИВ вирусот одлучил да ја прекине спортската акриера.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на театарската претстава „Не можам да платам, не сакам да платам“

„Не можам да платам, не сакам да платам“ од Дарио Фо, во режија на Владимир …