Британскиот глумец Идрис Елба се оженил со 17. години помладата свршеничка, манекенката Сабрина Доуре, а волшебниот чин е извршен на бајковита венчавка во Мароко.
Иако медиумите порано пишувале дека парот се венчал на тајна локација на 3. февруари оваа година, извор близок до семејството за британските медиуми потврдил дека пресреќните младенци се венчале во Мароко а на самиот чин присуствувале неколку најблиски членови на семејството и пријатели.
Идрис и Сабрина отседанле во еден елитен хотел на Средоземното море а деновите на престој во Мароко ги искористиле за разгледување на знаменитости и природни убавини на оваа северноафрикасна држава.
Глумецот кој неколку месеци ја криел врската со атрактивната манекенка во една ТВ емисија признал дека тој и Сабрина се верила за време на една интимна вечера, но не сакал да открива детали.
Елба пред Сабрина имал два брака. Првиот во периодот од 1999. до 2003. година кога бил оженет со Хана Норгард, а три години после разводот впловил во својот втор брак со Сонија Никол Хамлин, но нивната љубов не траела долго, па истата година и се развеле. Инаку, Елба има две деца, петгодишниот син Винстон кој го добил од врската со Најана Гарт, и 17. годишната Исан Елба која ја добил во бракот со Хана Норгард.